Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ месец дена пред пожарот барал помош од Град Скопје и Општина Карпош да се искосат запуштените места, вели дека добил само молк
Во текот на викендот се соочивме со огромен пожар непосредно во близина на СЦ „Борис Трајковски" , односно на само педесетина метри од лизгалиштето во склоп на спортскиот центар. За среќа, брзата реакција на МВР и пожарникарите спречи ширење на пожарот и зафаќање на делови од објектот, како и на моторни возила кои што беа паркирани на паркинзите наоколу,