Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е задоволен од победата над Романија, иако смета дека можеше поубедливо од конечните 24:23. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот










