„Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“ – осми марш на семејствата на починатите и повредените во Кочани
Семејствата на починатите и на повредените во пожарот во кочанската дискотека попладнево го организираа осмиот „Марш за ангелите“. Со пораката „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“ тргнаа од Паркот на Револуцијата, поминаа низ Трговскиот центар, кратко запреа пред зградата на Општина Кочани каде се сместени и инспекциите, а оттаму се