Иран предупредува: Ормускиот Теснец е „црвена линија“, ќе следи одговор ако САД нападнат
Иран во четвртокот предупреди дека Ормускиот Теснец е недопирлива „црвена линија“, заканувајќи се дека ќе возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп го реализира предупредувањето за напади врз иранската инфраструктура. Од Техеран порачаа дека во таков случај ќе бидат погодени инфраструктурни цели низ целиот регион на Персискиот Залив.








