Е.Пелистер кај Барселона помина исто како Загреб
Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа висок пораз од Барселона (47:27) во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Натпреварот во „Палау Блауграна“ за крај беше награда за пелистерци за тешката групна фаза, а тимот на Стевче Алушовски немаше сили за никаква сензација. Во Барселона се беше решено уште во првото полувреме кога Шпанците








