Вети и исполни, после долгата пауза се врати уште посилен: Обожавам да играм тука, во ваква атмосфера!
Милан Лазаревски одигра одличен натпревар во Битола, во победата на својот тим против Пелистер од 22-27 постигна седум гола од исто толку обиди. Оваа партија е само најава дека вардаровиот пикер и македонски репрезентативец е во добра форма после долгата пауза, она што го најави дека ќе се врати посилен од меч во меч го покажува на дело. „Би сакал

