„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“
Новиот роман „Замир“ од Хакан Ѓундај, пристигна и на македонски јазик, во издание на „Матица македонска“, носејќи пред домашните читатели едно од највпечатливите и највознемирувачки дела на современата книжевност. Станува збор за роман што уште со својата тема, наративна напнатост и силна внатрешна драматика се наметнува како книга за која ќе се зборува




