8 Март ја најавува новата туристичка сезона
Осми март го најавува почетокот на туристичката сезона во Охрид. Овој празничен викенд градот е исполнет со гости, најмногу организирани групи од Србија и Црна Гора. Гостите велат Охрид е атрактивна дестинација поради природните убавини, културното наследство, вкусната храна и поволните цени. Добрата посетеност буди оптимизам кај туристичките работници

