Проблем за ПСЖ: Еден од клучните фудбалери се повреди и нема да игра против Барселона
ПСЖ ќе биде ослабен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, откако Нуно Мендеш заработи повреда на левиот бутен мускул и ќе отсуствува во наредните неколку недели. Португалскиот лев бек се повреди во саботната победа на ПСЖ од 3:1 против Стразбур. Мендеш влезе во игра во 53-тата минута, но мораше да го напушти теренот пред крајот на натпреварот







