„Живи рани, мелем песни“ – поетскиот свет на Габриела Стојаноска претставен пред прилепската публика
Прилепчани, вљубеници на пишаниот збор синоќа беа гости на промоцијата на првата поетска збирка на Габриела Стојаноска, насловена „Живи рани, мелем песни“. Книгата пред читателите го отвора интимниот и емотивен свет на авторката, во кој болката, љубовта, страста, искуствата и човечките преиспитувања се претвораат во стих. За поетската збирка говореше







