Во Собранието, комеморација за Геноцидот во Сребреница: „Никогаш да не се заборави“
Геноцидот во Сребреница претставува еден од најголемите неуспеси што оставил траен и темен белег врз човештвото, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши во своето обраќање. Тој нагласи дека геноцидот не започнува со звукот на оружјето, туку со рамнодушноста кон насилството, додавајќи дека токму затоа улогата на институциите е од суштинско значење









