Димевски му оддаде признание на Берат Јакупи: Величествен крај на спортската кариера и отворање на ново поглавје во Олимпискиот комитет
Во преполната сала на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, под слоганот „Еден патопис, страст, историја!“, беше означен крајот на една исклучително богата спортска кариера на карате шампионот Берат Јакупи. Ноќта помина во знакот на силни емоции и присуство на најистакнатите претставници од општествениот и спортскиот живот, кои дојдоа да му оддадат


