Приведени две лица од Куманово, од приватен имот одзеле домашни животни
На 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.