Трендафилов до Владата: Наместо кошницата да се намалува за 19%, платите треба да се зголемат!
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, реагира на објавувањето на владината потрошувачка кошница без согласност на Економско-социјалниот совет, оценувајќи дека на работниците не им се потребни статистички пресметки што ја разубавуваат реалноста, туку повисоки плати со кои ќе можат достоинствено да ги покријат










