Влог во иднината на фармацијата: На својот 80-годишен јубилеј „Реплек“ донираше милион денари за модернизација на Фармацевтскиот факултет
Следејќи ја определбата за унапредување на фармацевтската наука и професија, „Реплек“, во годината во која го одбележува својот 80-годишен јубилеј, донираше 1.000.000 денари за обнова на Фармакоинформативниот центар на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје. Средствата ќе бидат наменети за реконструкција и модернизација на компјутерската училница








