Одбраната на Максути и Селами смета дека Обвинението за „Пулс“ е неосновано, недозволена пиротехника и незаконска работа – вистинските причини за трагедијата
На денешното рочиште за трагедијата со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути и Џеват Селами се спротивстави на обвинителниот акт. Бранителот Еленко Миланов истакна дека обвинението против Беким Максути е неосновано и дека неговиот клиент не може да







