Бобан Илиоски ќе ја брани светската титула на ВАКО Про во К1 во Париз
На 14 јуни во Париз, Франција, македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски ќе ја брани светската титула на ВАКО Про во К1. Илиоски во категоријата до 86 килограми за противник ќе го има предизвикувачот Кадри Мурсели од Франција. Инаку Илиоски стана светски професионален шампион откако лани во Скопје го совлада Берк Дузенли од Турција со 2:1. Воедно минатата