Јанша призна средба со човек од Black Cube, аферата во Словенија расте
Политичкиот скандал во Словенија доби сериозен пресврт, откако лидерот на СДС Јанез Јанша призна дека имал средба со претставник на израелската приватна разузнавачка фирма Black Cube. Признанието доаѓа откако SOVA потврди дека претставници на фирмата биле во Словенија во декември, а владата и дел од словенечката јавност веќе зборуваат за можно странско










