Македонскиот „Јон Вардар против галаксијата“ најдобар во Мајами
Првиот долгометражен македонски анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научнофантастични филмови во Мајами (MiSciFi). Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт. „Јон Вардар










