До 28 февруари трае конкурсот на скопскиот драмски театар за наградата „Горан Стефановски“
Драмскиот театар од Скопје го продолжи конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски автор до 30 години. Конкурсот е објавен на веб-страницата на Драмски театар и ќе трае до 28 февруари. Право на учество имаат автори, државјани на Македонија, кои до денот на завршувањето на рокот за пријавување не навршиле 30 години







