По седум месеци одложување Србија ќе добие пари од ЕК од Планот за раст, помал износ поради доцнење во реформите
По одложување од седум месеци, Европската комисија одлучи да ги исплати на Србија првите средства од Планот за раст во износ од 57 милиони евра, јави РТС. Одобрените средства се однесуваат на реформи спроведени во втората половина од 2024 година, а одлуката официјално ќе биде објавена денеска за време на дебатата за Планот за раст во Европскиот парламент




