Латинозвуците, моќниот глас и шармот на Ален Перез ја кренаа скопската публика на нозе; Националниот џез-оркестар приреди уште еден незаборавен концерт
Со енергичниот настап, кубанскиот музичар Ален Перез постојано беше во интеракција и ја мотивираше публиката, која не можеше да им одолее на неговите глас, страста за музиката и на шармот. „Вамос Скопје, вамос Македонија“, викаше Перез, канејќи ја публиката во НОБ да стане, да игра, да ракоплеска… Експлозија на латинозвуци, кубанска музика, џез, танц



