Пензискиот фонд не е во криза затоа што луѓето се пензионираат на 64 години, туку затоа што Македонија ги губи луѓето што треба да го полнат, велат од Левица
„Само што власта ги истроши политичките поени од линеарните покачувања на пензиите, на маса стигна и сметката: повисока старосна граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Тоа се параметрите што ММФ сега ги посочува како можни мерки за одржливост на македонскиот пензиски систем“, велат од партијата








