Заврши првата фаза на ЕП во ракомет
Со одигрувањето на последните натпревари од Е групата во Малме заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет. Шведска убедливо ја совлада Хрватска со 33:25 и го освои првото место во групата, додека Холандија славеше над Грузија со 31:26. Во главната фаза, репрезентациите ги пренесуваат резултатите од меѓусебните дуели и ќе се играат уште четири










