Балканско патување со „Пламенка – гудачки квартет“ на Илинденски денови во Битола
Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, „Пламенка – гудачки квартет“ ќе одржи концерт, кој ќе се реализира на 28 јули (21:00 ч.), на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Концертот е со наслов „Балканско патување“ и претставува музички, истражувачки проект во кој, преку одделните композиции од балканските земји, се доловуваат заедничките