Град Скопје го изгласа ребалансот на буџетот – нов мост и кружен тек во Сарај и нов влез на Скопје
Изгласан е новиот ребаланс на буџетот – нов мост и кружен тек во Сарај, нов влез на Скопје, нови улици и уште многу други проекти, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Повеќе капитални инвестиции, поголема поддршка за граѓаните и историско намалување на обврските – тоа се резултатите од одговорното и домаќинско управување со Град









