Шест лица приведени кај Прилеп, откриени пушки при полициска контрола
Шест лица се приведени во прилепско поради сомнение за „незаконит лов“, откако полициски службеници на 11 декември околу 15:30 часот извршиле контрола на патот Витолиште–Прилеп, на местото викано паркинг Штавица. Приведени се С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и 16-годишник – сите со шведско државјанство, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од










