Навивач на Барселона го згрешил стадионот, па наместо ЛШ – гледал меч од Третата лига
Еден навивач на Барселона доживеал непријатно изненадување кога наместо на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу неговиот омилен клуб и Њукасл, пристигнал на друг стадион со истото име. Наместо на „Сент Џејмс парк“ во Њукасл, тој завршил на истоимениот стадион во Ексетер, каде што наместо европски фудбал, гледал натпревар од англиската трета лига

