Десетгодишниот Павел од Скопје ги освојува британските терени и го вее македонското знаме: Златното момче што освојува медали во џиу-џицу
Македонскиот спорт добива нова голема надеж во боречките спортови преку момче кое од најрана возраст живее во Англија, но тоа не го спречува гордо да го вее знамето на Македонија каде и да настапува. Павел Митев, кој има само 10 години, веќе освојува медали во бразилско џиу-џицу и станува инспирација за сите млади спортисти.

