Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
Хрватскиот вицепремиер и министер Јосип Дабро, поднесе оставка откако протече видео, на кое се гледа како преку отворен прозорец пука од пиштол додека се вози во приватен автомобил. Дабро рече дека пиштолот го поседувал легално, станувало збор за маневарски, а не за вистински куршуми и додаде дека во ниту еден момент не загрозил нечија безбедност.