Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев
Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на ATP турнирот во Пекинг ќе игра против Данил Медведев. Рускиот тенисер во четвртфиналето го совлада Франсиско Серундоло, додека српскиот тенисер по пресврт беше подобар од вториот носител Александар Зверев со 2:1. Ѓоковиќ и Медведев нема да излезат на теренот пред 13 часот по локално време, а нивниот меч е втор на програмата










