Александар Степанулески ја доби наградата „Ристо Шишков“ за Луков во „Црнила“
Актерот Aлександар Степанулески ја доби наградата „Ристо Шишков“ за 2026 година. Тој го доби ова високо актерско остварување за улогата на Луков во претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Прилепскиот народен театар. Одлуката едногласно ја донесе жири-комисијата во состав: Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, претседателка,





