Пред 104 години Македонците во САД протестирале за независна Македонија: „INDEPENDENCE FOR MACEDONIA“
Уште во 1922 година, македонските иселеници во Соединетите Американски Држави организирале јавни демонстрации посветени на македонското прашање, барајќи независност и обединување на Македонија. Протестите биле организирани во периодот кога македонската емиграција во САД започнувала посилно политички да се организира. Истата година во Форт Вејн била


