Американците испратија јасна порака дека сакаат промени, кажа Обама по меѓуизборите
Поранешниот претседател Барак Обама изјави дека убедливата победа на Демократската партија на меѓуизборите во САД е доказ дека Американците сакаат промени. „Вечерва, американскиот народ испрати јасна порака – тие сакаат политика што ги зближува луѓето, а не ги дели и лидери кои нудат конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, напиша Обама






