Крвникот на Реал Мадрид сега ќе ѝ се спротивстави и на Барселона
Попладнево беа извлечени двојките за четвртфиналната фаза од Купот на Шпанија, а парот кој привлекува најголемо внимание е оној помеѓу Албасете и Барселона. Иако се работи за двобој на екипа од долниот дел на Втората лига и лидерот во Ла Лига, сепак Албасете во осминафиналето го исфрли Реал Мадрид, а сега ќе има можност да се судри и со Барселона.




