Обвинителство отвори предмет против 40-годишна скопјанка за тешката сообраќајна несреќа во Волково
Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 40-годишна жена од Скопје, поради сообраќајна несреќа што се случи вчера во населбата Волково, при која пешак загина на лице место. Според обвинителството, жената управувала моторно возило со кое удри пешак на возраст од околу 60 години, кој поради тешките повреди почина на самото место.










