ФЛУ ја реализира третата меѓународна сесија на летната школа NEW ART FOR(U)M во Лазарополе под наслов „Мултипликација на пејзажот“
Од 20 до 27 јуни 2025 година, во селото Лазарополе, Општина Маврово и Ростуше, се одржа третата сесија од летната школа NEW ART FOR(U)M, организирана од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје, под наслов „Мултипликација на пејзажот“. Оваа година школата доби меѓународен карактер, благодарение на учеството на студенти од Fontys Academy of