Нено блеска, Мишко гордо го следи: Мали, спремај се за НБА!
Фото: Мишко Ражњатовиќ Ненад Димитријевиќ продолжува да блеска во дресот на Арис. Македонскиот репрезентативец зад себе има уште една одлична партија. Во големата победа против Панатинаикос од 99-90, тој беше еден од најдобрите кошаркари во составот на славниот Василис Спанулис. Нено запиша 14 поени и пет асистенции во четвртата победа на Арис во петте


