Фудбалерот на Верона се кае за инцидентот во кој се степа со навивач на тимот за којшто игра
Напаѓачот на Верона, Гифт Орбан, јавно се извини за инцидентот што го направи по завршувањето на мечот против Милан. Верона го загуби тој дуел со 0:1 на свој терен, а по средбата, пред стадионот Орбан физички се пресмета со еден домашен навивач. Инцидентот се случи кога Орбан одби да се фотографира со навивачот, а лутиот фан удри по колата на фудбалерот








