„Заборавениот“ автопат Кичево – Охрид е прикрај, Коридорот 8 се гради со полна пареа
Изградбата на Коридорот 8 влегува во засилена фаза, на повеќе фронтови од источната до западната граница. Во центарот на вниманието е автопатот Кичево – Охрид, кој, по долгогодишно доцнење, сега се приведува кон крај. Клучните автопатски делници се во напредна фаза, додека дел од проектите влегуваат во финална постапка или избор на изведувачи. Паралелно,










