Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани ќе биде готов до крајот на 2029 година
Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со силна динамика и се очекува да биде завршен до крајот на 2029 година, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во изградбата на делницата. Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Владата,










