Големо славје во „Џексон“: ГКК Штип славеше триумф над Скопје за трета победа во низа
Кошаркарите на ГКК Штип стигнаа до третата победа во низа во Суперлигата, тимот на Марјан Србиновски за првпат оваа сезона постигнаа над сто поени на еден меч, а со новиот триумф се искачи на средината од табелата. ГКК Штип ја израдува домашната публика во преполниот „Џексон“ откако со 103:94 го доби последнопласираниот Скопје за трета сезонска победа,




