Родителите на загинатите деца во „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ стравуваат дека големиот број сведоци предложени од одбраната може дополнително да го продолжи судскиот процес и да го оддалечи моментот кога ќе добијат правда за своите најблиски. Тие изразуваат незадоволство од текот на постапката, особено од однесувањето на дел од адвокатите на обвинетите







