Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва извести дека пожарот помеѓу прилепските села Крушевица и Чаниште повторно се разгоре. – Огнот којшто опустоши дел од селото Чаниште иако беше совладан, за жал некаде околу пладне повторно се разгоре. Линијата на огнот сега е широка 20 километри. На лице место се прилепските пожарникари








