„Зимзоленд“ ечи, лисичани се жалат за гласната музика и за сообраќајниот хаос на тротоарите и на тревниците
Почетокот на новогодишниот базар „Зимзоленд“, кој годинава е стациониран спроти ресторанот „Рагуза“ меѓу Ново Лисиче и Лисиче, ги вознемири жителите кои живеат во близина. Базарот започна вчера, а ќе трае до 4 јануари 2026 година, но граѓаните револтирани од случувањата, реагираат на социјалните мрежи. Велат дека оние што дошле да го посетат овој базар


