Планирани прекини на струја во делови од Тетово и Брвеница
Делови од Тетово и Брвеница утре (26 февруари) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби. Според најавите, во Тетово без струја ќе бидат објекти на улицата „Коле Неделковски“, во близина на Кам маркет, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Во општина Брвеница, прекини се предвидени во повеќе термини.




