ЕУ го одобри блокираниот заем од 90 милијарди евра за Украина откако Унгарија го укина ветото
Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денес одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина, како и 20-тиот пакет санкции против Русија, објави кипарското претседателство со ЕУ. Писмената постапка за конечно усвојување на овие две мерки, овозможена со укинувањето на унгарското вето, треба да биде завршена утре, се додава во соопштението










