Без вода дел од Шуто Оризари поради дефект
Поради дефект на огрлица со дијаметар Ф80 мм на улицата „Јуриј Розентал“ бр. 26 во населбата Шуто Оризари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од Шуто Оризари. Прекинот е почнат од 08:50 часот, а водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.


