Дел од скопско напладне без вода
ЈП Водовод и канализација известува дека напладне без вода ќе бидат дел од корисниците на Сопиште. Оттаму информираат дека поради дефект на приклучна водоводна цевка од ф3/4 на улица 21 бб Сопиште, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улица „21“ Сопиште. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 часот до завршување на работните активности








