Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење
Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот. Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење. Притоа, мотоциклистот